DIGITSOFT® CLUB · Угостителство

Од нарачката
до залихата.

Примајте нарачки, наплаќајте сметки и следете ја робата во еден систем. CLUB ги поврзува услугата за гостите и грижата за залихите.

Ресторани · Кафе-барови · Брза храна · Клубови

DIGITSOFT®CLUBЕден систем за вашиот објект
Нарачки и наплатаПрием и излез на робаЗалихи (лагер)Состојки и нормативи
Екстра вредностeMenu
Дополнувања по потреба и договор

Основниот CLUB систем

Јасен преглед.
Полесна секојдневна работа.

Од првата нарачка до состојбата во магацинот, основниот CLUB ги опфаќа четирите клучни делови од работењето на објектот.

01 / УСЛУГА

Нарачки и наплата

Изберете маса, внесете што нарачува гостинот и наплатете ја сметката. Нарачката и износот се пред вас на еден екран.

02 / РОБА

Прием и излез

Запишувајте ја робата што пристигнува и што излегува од магацинот. Имајте преглед на секој прием и излез.

03 / СОСТОЈБА

Залихи (лагер)

Проверете што имате на залиха и во која количина. Полесно следете ја состојбата и планирајте ја следната набавка.

04 / ПОТРОШУВАЧКА

Нормативи

Одредете кои состојки и во која количина се користат за едно јадење или пијалак. Тоа е норматив — основа за следење на потрошувачката.

CLUB · Нарачки и наплатаОтвори поголем приказ
Реален CLUB екран: нарачка за маса, артикли, количини, износ и наплата
Приказ од CLUB со пример на нарачка.

Од нарачка до подготовка

Јасна нарачка.
На вистинското место.

Кујната и барот ја добиваат нарачката отпечатена на хартија или прикажана на екран. Заедно го избираме начинот што одговара на вашиот објект.

Нарачка во CLUBНарачката се внесува на касата или од мобилен уред со дополнувањето eWaiter.

Најчестиот начин на работа

Маркер принтери

Принтери што ги печатат нарачките за подготовка. Кујната добива што треба да зготви, а барот што треба да подготви и послужи.

КујнаБарПечатени нарачки

Дигитална опција · По договор

CLUB KDS

Екран за нарачките во кујна или бар. Тимот гледа што треба да подготви, колку време чека нарачката и дали има посебни забелешки, па ја потврдува кога е готова.

Активни нарачкиВреме на чекањеИзвестувања

При поставувањето договараме каде ќе пристигнуваат нарачките за храна и пијалаци.

eWaiter · Мобилен келнер

Нарачката започнува
покрај гостинот.

Со eWaiter келнерот ја внесува нарачката на мобилен уред, додека е покрај масата. Копчињата и прегледот се приспособени за работа со допир на помал екран.

  • Избор на маса и преглед на тековната сметка
  • Додавање јадења и пијалаци и промена на количини
  • Испраќање на нарачката за подготовка и пристап до наплата

Дополнителна можност · По потреба и по договор

Погледни го eWaiter на демонстрација
eWaiter на мобилен екран: маса 7, нарачани артикли, количини и копчиња за подготовка и наплата
eWaiter · Приказ на мобилен уред
Пример на нарачка

Екстра вредност со CLUB

Вашата понуда.
Во дигитално мени.

Со CLUB добивате и eMenu како екстра вредност. Во ова дигитално мени гостите можат да ја разгледаат вашата понуда со цени, описи и фотографии.

eMenu

Дигитално мени за вашите гости

  • Храна и пијалаци по категории
  • Цени и описи
  • Фотографии на понудата
Екстра вредност со CLUB

Дополнителни можности

Проширете го CLUB
според вашиот објект.

Изберете што му е потребно на вашиот објект. Покрај eWaiter и KDS, CLUB може да се прошири и со следните можности. Што е вклучено и под кои услови договараме во понудата.

Увид во работењето

ClubManager

За сопственикот и менаџерот: преглед на продаденото, сметките и плаќањата. Следете ја продажбата по келнери и артикли.

По потреба и по договор
Организација на работата

Бекофис

Дополнително работно место за административните задачи во објектот. Заедно одредуваме кои задачи ќе се извршуваат и кој ќе има пристап.

По потреба и по договор
Тим и присуство

Работно време

Следете кога вработените ја започнуваат и завршуваат смената и кога користат пауза. Имајте јасен преглед на присуството.

По потреба и по договор
Известување за гостите

CLUB Display

Екран што им покажува на гостите кои нарачки се готови. Кога ќе се појави нивниот број, знаат дека можат да ја преземат нарачката на пулт.

По потреба и по договор

Приемот и излезот на роба, залихите и нормативите веќе се дел од основниот CLUB. Дополнително бекофис работно место се договара одделно.

Поставување, обука и поддршка

Од поставување
до секојдневна работа.

Го поставуваме CLUB според вашиот објект и го обучуваме тимот да го користи. Од организацијата на масите до првата нарачка, ве водиме низ почетокот и остануваме достапни за поддршка.

  1. 01Разговор за вашите потреби
  2. 02Поставување на системот
  3. 03Внес на почетните податоци
  4. 04Обука и почеток со работа
  5. 05Локална поддршка

Практични одговори

Пред да започнеме.

Што содржи основниот CLUB систем?

Нарачки и наплата, прием и излез на роба, преглед на залихите (лагер) и нормативи — состојките и количините потребни за едно јадење или пијалак.

Дали eMenu се нуди со CLUB?

Да. eMenu го даваме како екстра вредност со CLUB. Тоа е дигитално мени во кое гостите ја разгледуваат понудата со цени, описи и фотографии.

Може ли келнерот да работи од мобилен уред?

Да. Со eWaiter келнерот избира маса и внесува нарачки од мобилен уред. Екранот е приспособен за работа со допир. Ова дополнување се договара според потребите на објектот.

Дали мора да користам екран во кујната?

Не. Најчесто се користат маркер принтери, кои ги печатат нарачките во кујна и бар. Ако ви одговара работа со екран, CLUB KDS се договара како дополнителна можност.

Како се договараат дополнителните можности?

Заедно избираме што ви е потребно: мобилен келнер, екран за подготовка или за готови нарачки, менаџерски преглед, евиденција на работно време или бекофис. Во понудата точно наведуваме што добивате и под кои услови.

Како ќе започнеме со работа?

Прво разговараме за вашиот објект и потребите на тимот. Потоа го поставуваме CLUB, ги подготвуваме почетните податоци и ве обучуваме за работа. И по почетокот имате локална поддршка.

Да го разгледаме вашиот објект

Погледнете како CLUB
се вклопува во вашето работење.

Закажи демонстрација

Следниот чекор

Контактирај нè

Кажете ни што сакате да поедноставите. Ќе ве контактираме за краток разговор за вашите реални потреби.

Адреса

Сутјеска бр.48/4, Штип 2000 МК

Телефони

+389 32 388 355

+389 78 853 013

Е-маил

info@digit.mk

Со испраќање на барањето ги користиме внесените податоци само за да одговориме на вашето барање. Прочитајте ја Политиката за приватност.